top of page
  • Writer's pictureVia Prom

Рецепт - Twini Торта со Крцкави Бисквити со Крем

Денес ќе споделиме уште еден рецепт за овој викенд, предложен од страна на наш Инстаграм фан, Марина. Ѝ благодариме за споделувањето и се надеваме ќе Ви се допадне како што ни се допадна нам.




Тортата се состои од три теста и три филови. Лесна е и освежителна, изобилува со Twini вкус и нивната крцкава текстура 😋


ЧОКОЛАДНО ТЕСТО


- 5 јајца

- 5 лажици шеќер

- 5 лажици брашно

- 2 лажици какао

- 1 лажица прашак за пециво


Со миксер се матат јајцата, постепено се додава шеќерот, на крај со шпакла се додава брашното во кое сме го додале прашакот за пециво.


Се пече во кружна тава со дијаметар 24 см, 20 минути на 180 степени.


По ладењето се сечи на два дела и се попарува со топла смеса од 50 мл вода, 50 мл млеко и 2 лажици шеќер.


TWINI ТЕСТО


- 3 белки

- 4 лажици шеќер

- 1 лажица брашно

- 100 гр кршени TWINI ванила


Се матат белките со шеќерот додека се добие цврст шам, па со шпакла се вмешуваат брашното и кршените TWINI бисквити.


Се пече во кружно тавче со дијаметар 24 см, 20 минути на 180 степени.


ФИЛ


- 3 жолчки

- 4 лажици шеќер

- 1 ванилин шеќер

- 1 лажица густин

- 1 ванила пудинг

- 350 мл млеко


300 мл млеко се става на оган.Останатите состојки се мешаат во компактна смеса и се додаваат кон млекото. Се вари додека се добие густ пудинг.


Тргаме од оган и додаваме

20 гр путер


Се мати убаво со миксер.


1 желатин се остава да набабри со соодветна количина вода, па се загрева на тивко и во течна состојба се додава кон филот.

Се мати па се остава да се лади.


Се мати 250 мл слатка павлака. Се меша филот со слатката павлака, па се дели на три дела


1. Додаваме 100 гр кршени TWINI

2. Додаваме 100 гр стопено бело чоколадо

3. Додаваме 100 гр стопено млечно чоколадо


СОСТАВУВАЊЕ

Чоколадно тесто, TWINI фил, TWINI тесто, бел фил, чоколадно тесто, чоколаден фил.


Декорација : кршени НИНЏА колачиња, TWINI колачиња, матена слатка павлака.


Наздравје!





99 views0 comments

Comments


bottom of page